Menuvo е модерен веб-базиран софтвер кој им овозможува на менувачниците едноставно и безбедно управување со секојдневните операции. Системот автоматски го презема курсниот лист, води евиденција на трансакции, управува со каса и генерира извештаи потребни за регулаторните институции. Сето тоа автоматски.
Исто така, Menuvo овозможува голема флексибилност. Достапен е на повеќе јазици, може да се доделуваат најразлични привилегии, а корисникот може сам да го подесува и изгледот на софтверот.
Одговорните лица може да го следат работењето како и извештаите и од својот мобилен телефон, во секое време, од секое место.
Работењето на менувачница бара точност, брзина и усогласеност со законските прописи. Многу менувачници сè уште користат застарени системи или рачна евиденција, што носи ризик од грешки, губење на време и проблеми со извештаи.
Menuvo е развиен токму за овие потреби – да обезбеди едноставно, сигурно и модерно решение за управување со менувачница.
Благодарение на тоа што овозможува централизирано управување и работа од повеќе локации, Menuvo е идеален како за менувачници со една филијала така и за менувачници со повеќе филијали и финансиски друштва.